Министрите Муцунски и Таравари во посета на повредените во Солун

од Даниел Ѓорѓиевски
37 прегледи

Министерот за здравство, Арбен Таравари, денеска во раните утрински часови пристигна во Солун заедно со министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, и д-р Илир Вела, со цел да ги посетат и да се информираат за здравствената состојба на хоспитализираните пациенти.

„Ги посетивме Општата болница Папаниколау и Воената болница во Солун и во овој момент можам да информирам дека сите пет пациенти примени во овие установи се во стабилна состојба. Изразувам искрена благодарност до нашите колеги во Солун, како и до грчкиот народ и владата, за нивната посветеност и поддршка, како и помошта која ни ја пружија во овие моменти,“ изјави министерот Таравари.

Министерството за здравство останува во постојана комуникација со сите надлежни институции и меѓународни партнери за натамошна координација и поддршка.

Слични содржини