Министрите на ЕУ го избегнаа бугарското вето: „Преговорите на Македонија да започнат што е можно поскоро“

од Nikola Popovski
704 прегледи

Советот на министри на Европската унија (ЕУ) усвои годишни заклучоци за проширувањето. Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји оцени дека ова е важен сигнал дека проширувањето е „приоритет за ЕУ“.

Гаспер Довзан, државен секретар во словенечкото Министерство за надворешни работи, оцени дека станува збор за многу важни заклучоци.

-Со заклучоците на Советот на ЕУ испративме многу важна порака за целиот регион на Западен Балкан дека ова е наше непосредно соседство, затоа проширувањето е од стратешко значење“, рече Довзан на крајот од средбата, пренсува балканскиот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).

Прашањето за заклучоците и на оваа средба беше сериозно под знак прашалник, додека словенечкото претседателство не го преформулираше вокабуларот во поглавјето за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија за да се исполнат бугарските барања и во исто време да се избегне бугарското вето. Затоа во два наврати во текот на денот се разговараше за документот, кој беше договорен дури пред крајот на средбата.

-Пакетот усвоени заклучоци за проширувањето е ремек-дело на европската способност да се прават компромиси во духот на соработката, рече на крајот од министерскиот состанок потпретседателката на Европската комисија, Вера Јурова.

Имено, во нацрт-документот за кој разговарале министрите се наведува дека министрите очекуваат преговорите за членство да започнат „што е можно поскоро оваа година штом ќе се усвои преговарачката рамка со тие земји“.

Според извори на РСЕ, за официјална Софија била неприфатлива заложбата за временскиот период, односно можноста за почеток на преговорите за членство оваа година. Затоа, како компромис и за да се усвојат заклучоците, отстранет е временскиот аспект во реченицата, а останала реченицата со која министрите на ЕУ очекуваат отворање на пристапните преговори „што е можно поскоро, по усвојувањето на преговарачката рамка“.

-Усвојувањето на заклучоците било многу важно за европските институции за да се заобиколи ситуацијата во која се најде ЕУ минатиот декември, кога не беше постигнат консензус и како резултат на тоа немаше заклучоци за проширувањето. Бугарија во декември 2020 година го блокираше усвојувањето на годишните заклучоци за Западен Балкан, поради билатералниот спор што го има со Северна Македонија.

Патем, ова е најважната годишна дебата на ниво на ЕУ за можноста за проширување на европскиот блок кон земјите кои имаат за цел полноправно членство, во кој се вклучени шест земји од Западен Балкан и Турција, стои во текстот на балканскиот сервис на РСЕ.

Слични содржини