Министрите за здравство и земјоделие ќе се усогласуваат за Законот за заштита од пушењето, по што ќе биде пратен во Влада

Се пуши онаму каде не треба да се пуши, и тука разговаравме со хотелите клубовите рестораните и имаме решение. Кај малолетници се повеќе се користат вајпови и тоа со вкусови.

од Vladimir Zorba
13 прегледи Фото: AI

Министрите за здравство и за земјоделство денес треба да се сретнат за да ги усогласат одредбите од новиот Закон за заштита од пушењето, по што тој треба да биде пратен на усвојување во Владата. Министерот за здравство Азир Алиу, во одговор на новинарско прашање рече дека Владата сите закони, не само овој ги работат со сите зои се засегнати. Тој додаде дека до крајот на оваа и почетокот на следната недела ќе биде даден на усвојување.

-Тоа го направивме и со овој закон, ние имавме неколку состаноци на оперативно ниво работните групи, но и на политичко ниво и лично и премиерот беше вклучен. Цело време се координираме и се синхронизираме со сите владини и невладини институции со бизнис заедницата и веќе законот е при крај денес е последниот состанок со министерот за да може да се синхронизираме од правна гледна точка и законот одо крајот на оваа недела и или веќе наредната ќе биде донесен на Влада, изјави Алиу.

Премиерот Христијан Мицковски на ова шпрашање одговори дека за одредбите од законот веќе се дговориле со групацијата на хотели, клубови и ресторани, а сега разговараат и со увозниците и производителите на тутун и тутунски производи.

-Се пуши онаму каде не треба да се пуши, и тука разговаравме со хотелите клубовите рестораните и имаме решение. Кај малолетници се повеќе се користат вајпови и тоа со вкусови. Децата од најамли години да користат вајпови, а  тоа може да се трансформира во нешто друго, не  ево ред. Тие што ги увезуваат се правдаат дека има шверц од соседните земји. Од едно лошо алтернативата ни е друго лошо. Не е тоа суштината на оваа реформа. Секој може да продава тоа што продава но под јасни правила. Не може да дозволиме и понатаму ароматизирани вајпови да се користат. Единаесет или дванаесет годишни деца да ги користат и тоа не е во ред. Ние не сакаме тоа да биде во законот, а тие велат да се внесат неколку вкусови, изјави Мицкоски.