Минов да поднесе оставка, бара ВМРО-ДПМНЕ

од Берта Китинска
310 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања Панчо Минов, откако мнозинството гласаше против дневниот ред да се расправа дали претседателот на Собранието Талат Џафери го прекршил етичкиот кодекс кога со вулгарности ги навреди службениците.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски изјави дека од денеска собранискиот Етички кодекс не постои и оти со гласањето „против“ дневниот ред на Комисијата за деловничко и мандатно имунитетни прашања пратениците од СДСМ го оправдале однесувањето на претседателот на Собранието Талат Џафери и односот кон администрацијата кој што го слушна целата македонска јавност.

– Ова што денеска го доживеа администрацијата и на денот кога се случи, тоа што се направи со заклучувањето на пратениците е нешто што се случува во секоја институција во целата држава, секој ден. Омаловажувањата, понижувањата, мобингот, непочитувањето е нешто што на дневна основа го доживуваат сите граѓани на државата, без разлика на верска, етничка или која било припадност. Вака функционира двоецот, СДСМ и ДУИ – рече Мицевски.

Слични содржини