Минува низ пекол: Суровикин испрашуван во озлогласен затвор за предавство против Путин?

од Stefanija Kuzmanovska
314 прегледи

Откако во јавноста протече веста дека високиот руски командант Сергеј Суровикин го поддржал вооружениот бунт на паравоената формација „Вагнер“, никој со сигурност не може да каже каде се наоѓа овој суров генерал во моментов. Постојат две теории – дека исчезнал или дека бил уапсен од озлогласената руска полиција.

Според „Дејли Мејл“, тие наводно го испрашуваат во московскиот затвор Лефортово.

Според неофицијални информации, руската полиција се сомнева дека Суровикин е под истрага за заговор за соборување на министерот за одбрана Сергеј Шојгу, како и поради тоа што веќе знаел за вооружен бунт кој сериозно му се заканувал на режимот на рускиот претседател Владимир Путин.

Сега, наводно, се обидуваат да откријат дали Суровикин помогнал во планирањето на бунтот што се претвори во марш кон Москва.

Веднаш по бунтот, американските разузнавачи објавија дека имаат информации дека висок руски генерал однапред знаел за плановите на Пригожин да се побуни против Шојгу и шефот на вооружените сили, генерал Валериј Герасимов, поради неуспесите во војната.

Малку подоцна, Moscow Times објави дека извори од министерството за одбрана рекле дека Суровикин бил уапсен по бунтот на „Вагнер“. Доколку навистина бил вмешан, би можел да се соочи со обвиненија за предавство и 20 години затвор.

„Очигледно избрал страна и тие го фатиле за врат“, изјавил извор за Moscow Times.

Патем, треба да се забележи и дека Суровикин се огласи веднаш по избувнувањето на бунтот и го повика Пригожин да запре. Изворот вели дека и овој негов потег е показател дека Суровикин е дел од „коалицијата на Пригожин“.

„Тој не се однесуваше многу покорно кога му беше дадена задача да го чита текстот пред камера и да го среди“, вели еден извор.

Исто така, „Генерал Армагедон“ е познат по неговите блиски врски со Пригожин.

Претходно оваа година, тој беше сменет од позицијата врховен командант на операции во Украина – што Пригожин го критикуваше – но го задржа влијанието во спроведувањето на воените операции. Имено, во октомври минатата година Суровикин беше поставен на чело на операциите во Украина, но во јануари рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го назначи началникот на Главниот генералштаб Валериј Герасимов да ја надгледува воената кампања во Украина, а Суровикин стана негов заменик.

Слични содржини