МИОА: Го подобруваме квалитетот на услугите во државната служба

од Nikola Popovski
217 прегледи

Со новиот Предлог-закон за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба, кој беше усвоен на денешната владина седница, имаме за цел да го подобруваме квалитетот на услугите во државната служба.

Законот за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба беше донесен за прв пат во 2013 година и го уредува воведувањето на системот за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба.

Системот за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена во државната служба се засноваат врз меѓународни или македонски стандарди со кои се востановуваат посебни барања за системот за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба, а имаат за цел подобрување на квалитет на услугите во државната служба.

Со Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба се врши усогласување на овој закон со новиот Законот за услугите (со кој се врши имплементирање на Директивата 2006/123/ЕЗ на Европската Унија за услугите на внатрешниот пазар, CELEX број 32006L0123), а исто така се дополнува основниот текст на законот со процедура за надворешна проверка, која е изработена од страна Европскиот институт за јавна администрација EIPA, која е изработена од страна на Европскиот институт за јавна администрација EIPA  и која треба да им овозможи на државните институции кои ја спровеле заедничката рамка за проценка, да ја потврдуваат успешноста во имплементацијата на оваа алатка за управување со квалитетот, преку добивање повратни информации за воведување на концептот на целосно управување со квалитет.

Слични содржини