МИОА заштедило 55% струја во месец октомври

од Nikola Popovski
199 прегледи

Министерството за информатичко општество и администрација активно се приклучи кон мерките за заштеда на електрична енергија за добробит на граѓаните и воопшто на целата држава.

-Во месец октомври, МИОА има направено заштеда од 55 % на електрична енергија и тој тренд сигурни сме дека ќе продолжи. Тоа ни го покажува заложбата на сите вработени во министерството, кои се согласни дека ова е единствениот начин за да се помине зимскиот период. Затоа, апелираме на солидарност и на штедење на електрична енергија без исклучок, велат од МИОА.

Свесни сме, порачуваат од таму, дека на овој начин ќе придонесеме за полесно остварување на стабилен енергетски систем.

-Со заштедата на електричната енергија си помагаме себеси и на државата. Само со заеднички заложби и активна посветеност, ќе имаме стабилен енергетски систем, стои во соопштението на ресорот информатика и администрација.

Слични содржини