Миранда Кер очекува трето дете

од Vladimir Zorba
182 прегледи

Миранда Кер и нејзиниот втор сопруг, Еван Шпигел, го очекуваат нивното второ дете, само 10 месеци откако се роди нивниот син Харт. 35-годишниот австралиски супермодел и 28-годишниот основач Snapchat ги споделија возбудливите вести во официјалната изјава.

“Миранда, Еван, Флин и Харт со нетрпение чекаат да го пречекаат најновиот член на семејството.”, напиша портпаролот на двојката за медиумите.

Еван и Миранда се венчаа во мај 2017 година и го добија  своето прво дете на 7 мај минатата година.

Миранда е исто така мајка на осумгодишниот Флин, кој е син на холивудскиот актер Орландо Блум.

Орландо, од своја страна, неодамна се вери за поп-ѕвездата Кети Пери и тие во моментот ја организираат нивната свадба.