Мишчевиќ од Скопје: Приштина треба да почне да ги спроведува обврските од европскиот предлог

од Nikola Popovski
170 прегледи

Српската министерката за евроинтеграции, Тања Мишчевиќ денеска од Скопје изјави дека на Србија и е многу јасно дека ги презема и ги спроведува своите обврски, но дека и Приштина мора да почне да го прави тоа.

Таа ова го рече на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, по потпишувањето на Меморандумот за соработка и посочи дека клучно за продолжување и напредок на дијалогот е спроведувањето на обврските што ги има Приштина, а кои се однесуваат на изработката на статутот и работата на Заедницата на српски општини (ЗСО).

– По договорот во Охрид, на почетокот на неделава беше организирана средба на двајцата технички преговарачи. Беше договорена декларација за исчезнатите лица и за прв пат се разговараше за ЗСО. Србија е свесна за обврската од европскиот предлог, кој исто така ќе стане дел од поглавјето 35, рече Мишчевиќ на новинарско прашање што Србија треба да спроведе во рамките на договорот.

Слични содржини