Мишел: Украина може да влезе во ЕУ во 2030 година

од Vladimir Zorba
330 прегледи

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, изјави дека Украина може да се приклучи на Европската унија во 2030 година „доколку двете страни си ја завршат домашната задача“.

„Украина и другите земји кандидати мора да спроведат реформи, да се борат против корупцијата и да ги исполнат законските барања. Ние во ЕУ треба да ни биде јасно што сакаме да постигнеме заедно, кои се нашите приоритети и на што сакаме да трошиме пари. И треба да ги забрзаме нашите процеси на одлучување“, изјави Мишел во интервју за германски „Шпигел“.

Тој предупреди дека земјите од Западен Балкан 20 години чекаат да влезат во ЕУ, поради што „таму расте влијанието на Русија и Кина“.

Слични содржини