Мисијата на Обама во Атина и Берлин

од desk3
86 прегледи

 

Етнос – Атина

Посетата на претседателот на САД, Барак Обама, на Атина на 15 и 16 ноември, е исклучително важен настан како за Грција, така и за грчката влада.

Првенствено, Белата куќа сакаше посетата да се случи на 17 номеври, кога е годишнината од студенстките бунтови (кои доведоа до паѓање на воениот режим во Грција во 1973 година), но од кабинетот на Алексис Ципрас изјавија дека тоа не е возможно.

download-1

 

Белата куќа официјално соопшти за престојната посета на грчката престолнина. Како што стои во соопштението, по Атина претседателот Обама ќе замине за Берлин, за официјално да се збогува со германскиот канцелар Ангела Меркел, со која имаше „бурна“ врска, главно заради неуспехот во решавањето на должничката криза во Грција, и нејзиното влијаните врз еврозоната.

Претседателот на САД ќе пристигне во Грција на 15 ноември, кога ќе се сретне со претседателот Прокопис Павлопулос и премиерот Алексис Ципрас, за да ја потврди американската поддршка во тековните напори за враќање на грчката економија кон раст.

„Во татковината на демократијата“, претседателот Обама ќе ја потврди корисноста на демократските вредности, кои толку помогнале за мирот и благосостојбата во Европа и низ целиот свет.

Американскиот претседател ќе ја изрази јасната оценка на Вашингтон за великодушноста на грчкиот народ и владата кон бегалците и мигрантите.

Главните теми кои обама ќе ги разговара со претседателот Павлопулос и премиерот Ципрас ќе бидат економската криза, бегалското прашање, кипарскиот проблем, грчко-американските и грчко-турските односи, ситуацијата во Сирија и други меѓународни прашања.

Според дипломатски извори, односите меѓу САД и Грција се исклучително добри и во пракса нема проблеми кои ќе го променат тоа.

Владата на Алексис Ципрас од почетокот реши да не се конфронтира со Вашингтон и некои активности на грчки министри кои предизвикаа протести после беа корегирани. Американците следеа со интерес, но не и со тревожење приближувањето на Ципрас со Москва, на кое грчкиот премиер не му даде особено интерес.

Претседателот ги поддржа напорите на сите грчки влади од 2010 година до денес, за борба со економската криза која до моментов не е завршена.

Американскиот претседател се исправи пред силен противник во лицето на Ангела Меркел и во два случаи го повиши тонот, особено во 2013 година кога излегувањето на Грција од еврозоната беше особено блиску. Тогаш американски извор подвлече дека напуштањето на еврозоната е избегнато имено заради вмешувањето на Вашингтон.

Обама покажа едно поседно „политување“ кон младиот грчки премиер веднаш по неговиот избор и од почетокот на неговиот мандат го поддржа и вербално и во пракса. Но тој не понуди финансиска помош за Атина, како што обвини германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.

За 36-те часа додека ќе биде во Атина, Обама ќе се занимава со бегалското прашање и ја изразил својата намера да посети бегалски камп на островот Лезбос или на друго место. Желбата на американскиот претседател е да обрне внимание кон грчкиот народ со говор кој ќе се случи во атински хотел, за да и заблагодари на Грција и владата на Ципрас за нивната активност при бегалската криза.

Од Атина, американскиот претседател сака да испрати порака за потребата од скратување на државниот долг, за да може земјата да излезе од кризата. Но паралелно со тоа ќе побара и реализирање на реформите кои и се потребни на Грција./MИА