Мисијата на ОБСЕ во Скопје промовира бесплатна линија 0800-11-011 за помош при напад на новинари

од desk2
96 прегледи

На прес конференција во Скопје, во петок, Мисијата на ОБСЕ во Скопје во партнерство со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ќе ја промовираат бесплатната телефонска линија 0800-11-011 за помош на новинари за известување во случај на закани, напади и насилство кон новинарите.

За време на истиот настан, како завршна активност од проектот помеѓу Мисијата и Здружението на новинари (ЗНМ) ќе биде предадена донација од елеци и заштитни капи за новинарите која ќе биде дистрибуирана до сите членови на ЗНМ.

По тој повод, заменикот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Џеф Голдстајн, в.д претседател на ССНМ Звездан Георгиевски, претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски и една од обучувачките за бесплатната линија Наталија Миленкова ќе се обратат на присутните.