“Целиот свет е серија на чуда. Само што ние толку сме навикнати на нив, што ги нарекуваме обични нешта. “
Ханс Кристијан Андерсен е дански писател и поет, омилен на мали и големи со своите приказни. Едвај има некој кој не ги прочитал “Храбриот оловен војник”, “Малата сирена”, “Девојчето со кибритчиња”, “Грдото пајче”.
Андерсен се раѓа во скромно семејство. Од дете сакал да игра куклен театар, дури ги читал со интерес драмите на Вилијам Шекспир. Татко му умира, додека тој е уште дете кое мора да го напушти училиштето и да започне со работа.
Како само 14-годишен тој е примен во Кралскиот театар. По неколку години ќе престане да игра, го продолжува своето учење и се предава на пишувањето.