“Најдобрaта одмазда е огромен успех.”
Френк Синатра е американски пејач и актер, роден на 12 декември 1915 година во Хоубоукон, САД. На музичката сцена дебитираше во 1937 година, снимајќи ја и својата прва плоча. Синатра ја освои престижната статуетка “Оскар” на 26-тата церемонија на врачување на наградите.
Одликувањето е врачено за најдобра машка споредна улога во филмот “Оттука до вечноста”. Името на Синатра се поврзува со едни од најпознатите и убави холивудски жени. Според историјата тој имал врска и со мафијата.