“Споделувајте ги вашите чувства. Многу полошо е да ги прикривате. Ќе се натрупаат во вас и ќе стануваат се потешки. На крајот ќе умрете. “
Харуки Мураками е роден во 1949 година во Кјото во семејството на будистички свештеник. Студирал театарска уметност на Универзитетот Васеда во Токио, а откако дипломира отвора џез бар. Мураками секогаш е заинтересиран за американска литература и се смета дека на тоа се должи и неговиот западен стил на пишување. На 29-годишна возраст веќе пишува проза.
Неговиот прв голем успех е во 1987 година, кога излегува од печат “Норвешка шума”. Малку подоцна Мураками се преселил да живее во САД, каде што продолжува да трупа успеси.