Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, пред гостувањето на неговиот тим кај Брест во Лигата на шампионите, јасно стави до знаење дека не верува дека ѕвездата Винисиус Жуниор би ги избрал милионите Саудиска Арабија во оваа фаза од неговата кариера.
Според шпанскиот весник „АС“, клубовите од Саудиска Арабија се подготвени да му исплатат годишна плата од 200 милиони евра на Бразилецот, кој има договор со Кралскиот клуб до 2027 година.
„Можам да разберам сè во фудбалот. Прифатив кога Тони Крос ненадејно не напушти, како што малкумина направија пред него. Тоа се лични одлуки. Но јас веќе имав можност да кажам – гледам дека Винисиус е среќен. Тој сака да остане и да освојува трофеи со Реал. Мислам дека ќе ја избере славата“, изјави Италијанецот кој не верува дека бразилското крило ќе си замине на крајот од сезоната.
Винисиус оваа сезона има 26 настапи за Реал со 16 гола и 10 асистенции. Според „АС“, саудијците се подготвени да платат 300 милиони на шпанскиот гигант за неговите права, со што ќе стане најскапиот трансфер во историјата на фудбалот.