Мислењето на Венецијанската комисија е добредојдено, но тоа да биде пред донесување на законите, вели Тупанчевски за предлогот на Османи

од Nikola Popovski
220 прегледи

Мислам дека мислењето на Венецијанската комисија е добредојдено, затоа што не можеме да прејудицираме, можеби ќе оди во наша полза. Како држава можеби добро е оваа пракса да продолжи, но тоа да биде пред донесување на законите, бидејќи е подобро да се реагира во таа фаза отколку откога ќе биде донесе законот, па потоа да добие пресуда од Европскиот суд за човекови права и слободи. Секогаш мислењата на европските тела се добредојдени и секогаш ни помагаат во постигнување на европскиот стандард. Не сакам ова да биде сфатено како притисок туку како приближување на европскиот стандард, рече министерот за правда Никола Тупанчевски за предлогот на шефот на македонската дипломатија Бујар Османи околу измените на Законот за здруженија и фондации.

Министерот додава дека смислата е поголема и размислувањето е пологично доколку тоа биде направено пред донесувањето затоа што ќе нема штетни последици.

-Целта ќе биде многу пооправдана доколку биде постигната пред донесувањето на измените, рече Тупанчевски.

Во однос на клубовите во двете земји, Османи вчера изјави потенцира дека граѓаните имаат право да се здружуваат по секоја основа, но тоа мора да биде во духот на соработката и добрососедството.

-Законот чија цел беше да се одговори на моментот и да се спречи саботирање на заедниците од страна на чинители. Поради тоа што се оспорени одредени прашања во самиот Закон, јас ќе препорачам Владата да го прати Законот до Венецијанската комисија, за таа да каже дали има или не елементи кои што се спорни во тој, изјави министерот на новинарско прашање за измените на Законот за здруженија и фондации со контроверзни имиња.

Слични содржини