Кафето е омилениот пијалок за будење на многу луѓе и знаеме колку е тешко да се замисли утрото без него.
Сепак, свесни сме дека ефектите од кафето се краткотрајни и често доведуваат до ненадеен пад на енергијата кога кофеинот ќе исчезне. Потоа тежнееме да посегнеме по уште една чаша, со што започнуваме маѓепсан круг од кој тешко се излегува.
Природните извори на енергија се подобар избор и обезбедуваат долготрајно чувство на будност без несакани ефекти.
1. Банани
Бананите се богати со природни шеќери (фруктоза, гликоза, сахароза), но и влакна, кои обезбедуваат постепено ослободување на енергија. Тие исто така содржат калиум и магнезиум, минерали кои помагаат во функцијата на мускулите и спречуваат замор.
2. Јаткасти плодови
Бадемите, оревите и лешниците се полни со здрави масти, протеини и влакна, кои одржуваат стабилно ниво на шеќер во крвта и спречуваат ненадејно опаѓање на енергијата. Оревите и бадемите се особено корисни бидејќи содржат магнезиум, кој е неопходен за претворање на храната во енергија.
3. Јајца
Јајцата се извор на висококвалитетни протеини и здрави масти, кои помагаат во одржување на енергијата подолго време. Тие содржат холин, хранлива материја која ја поддржува функцијата на мозокот и ја подобрува концентрацијата.
4. Темно чоколадо
Какаото во темното чоколадо содржи теобромин, природен стимуланс кој го подобрува расположението и малку ја зголемува будноста, но без наглите енергетски промени како кофеинот. Богат е и со антиоксиданси кои ја подобруваат циркулацијата и протокот на кислород во мозокот.
5. Овесна каша
Овесот содржи сложени јаглехидрати, кои полека се вари и обезбедуваат долготрајна енергија. Богат е и со растителни влакна и протеини, кои помагаат да се одржи стабилен шеќер во крвта и да се спречат ненадејни скокови и падови на енергија.
6. Зелен чај
Ако не можете без топол пијалок, пробајте зелен чај, кој содржи умерено количество кофеин, но и Л-теанин, аминокиселина која ја подобрува концентрацијата и обезбедува долготрајно чувство на будност без нервоза или нагло опаѓање на енергијата.
7. Грчки јогурт
Грчкиот јогурт содржи протеини и здрави масти, кои обезбедуваат долготрајно чувство на ситост и стабилна енергија. Дополнително, пробиотиците помагаат за подобро варење и апсорпција на хранливите материи, што придонесува за подобро искористување на енергијата од храната.