Единствената грижа на локалните жители е дека во текот на летото доаѓаат жештини од 34 степени.
Токму тоа е најстудената локација на планетата, до која можете да стигнете по два дена возење од Јакутск – престолнината на Јакутија, која пак го држи рекордот за градот, при тоа главен административен центар, со најниски зимски температури меѓу сите останати под сонцето.
Популацијата на Јакутск надминува 270 000 луѓе. Како се справуваат локалните жители со овој нечовечки студ? “Руски чај, онака кажано водка”, објаснува фотографот Амос Чапел, кој го посетил најстудениот град во светот и ги направил сликите што можете да ги видите во галеријата на оваа статија. Слики од кои ќе доживеете речиси физичко прободување на секое ткиво, замрзнување на здивот и сите телесни течности од мразот на ојмаконската зима.
Името на Ојмакон буквално значи “незамрзната вода”, што звучи парадоксално во контекст на климата, карактеристична за ова место. Изборот сепак не е случаен, ниту има иронична смисла – тој е поврзан со фактот дека во близина на Ојмјакон се наоѓа термален извор и некогаш тоа место било станица за елено-водците кои ги поеле животните со водата што извира од него.
Најниската температура измерена во Ојмјакон заледува секаква трезна мисла (еве зошто ви е потребен руски чај!) – 71.2 C, регистрирана од термометрите во 1924 година. При оваа температура непотребно е да се спомене дека за размена на бакнежи и збор не може да стане! Излегувајќи од своите домови, жителите на Ојмјакон се судруваат со многу посериозни предизвици од привремената кратковидост или далековидост. Замрзнувањето на земјата во длабочина го попречува нормалното функционирање на канализацијата во домовите на луѓето, поради што и повеќето домаќинства имаат и користат тоалети надвор од своите домови.
Од истата причина ископувањето на гробници се претвора во исклучително тешко искушение и станува возможно дури по затоплувањето на почвата (тундра) преку палење на оган. Локалните жители се принудени да ги паркираат своите автомобили во загревани гаражи, а запирањето за кратко со исклучен мотор на улицата е рамно на одземање на возилото од експлоатација – едноставно нема шанси моторот на колата да запали повторно.
Воздухопловството во регионот, исто така е апсолутно невозможно во зима, како и одгледување на жетвата, а ризикот од смрзнатини по само неколку минути поминати надвор, е целосно реален.
“Бев облечен само со еден тенок пар панталони, кога за првпат излегов надвор при минус 47 степени”, раскажува Чапел и го опишува чувството од студот вака: “Имав чувство дека студот физички ги опфаќа моите нозе и ги притиска како во менгеме. Истовремено почувствував како плунката во устата ми замрзнува и формира мраз парчиња кои штрчат од моите усни. ”
Поради недостаток на локално земјоделство, луѓето во овие места се прехрануваат главно со месо. “Јакутијците ја сакаат студената храна – замрзната сурова арктичка риба, бел лосос, замрзнат суров црн дроб од коњ, кои сепак се сметаат за деликатеси”, објаснува Бочкарев – жител на Ојмјакон. Тој ја истакнува улогата на местото како основна храна за локалното население, што го прави можен опстанокот и доброто здравје. Ако се размислувате да живеете тука, треба да сте подготвени секојдневно да консумирате супа со месо.
Чапел патува низ Ојмјакон и Јакутск за да запечати со камера интересни визуелни сведоштва за животот на луѓето при толку екстремно ниски температури и недостатокот од многу од активностите со кои сме навикнати, климатски услови. Како фоторепортер, тој има за цел да бара, наоѓа и визуелизира необични и инспиративни приказни на луѓе од различни краеви на планетата. За да ги сними овие кадри, тој морал да се соочи со функционални тешкотии при употребата на апаратурата предизвикани од ниската температура. Според неговите зборови, во некои случаи фокусот на објективот е исто толку сериозен тест како тоа да отвориш тегла со маринада.
Колку и долга, и сурова да е зимата во Ојмякон сепак, таа има крај, по кој времето значително се загрева. Во летото средните температурни вредности се меѓу 15 и 20 степени над нулата, што понекогаш достигнуваат дури 34 степени Целзиусови! Тоа е премногу топло време за локалните жители, кои се навикнати на ниските температури и, според Бочкарев, дури ги преферираат, жалејќи се од жештина при подолго и нагло затоплување.
Замрзнатата арктички риба – основна храна за населението и најмногу баран производ на централниот пазар
Статуа на Иван Крафт – еден од првите гувернери на Јакутија
Мост над реката Лена во Јакутск – четвртата по должина во Русија
Иако повеќето локални жители се староседелски Јакутијци, во ерата на СССР многу етнички Руси и Украинци се преселуваат тука, привлечени од повисоките плати поради тешките климатски услови.
Црниот чад што излегува од оџакот на локалната ТЕЦ во Ојмјакон никогаш не секнува
Нафтена станица и елка во Ојмјакон
За да стигнете до Ојмјакон, тргна од Јакутск, треба да патувате два дена.
Тука има само една продавница, од којa се снабдуваат жителите на овој далечен регион.
Навечер локалните жители можат да бидат видени надвор само во момент во кој притрчуваат од една врата до друга, прикривајќи го лицето со раце, скриени во дебели ракавици.
Николај Петрович ја затвора вратата на солидно изолираната штала на своите крави
Секое утро овој багер испорачува штотуку ископан на јаглен на топлофикационата фабрика во Ојмјакон
отворен тоалет
Жена ја штити устата од воздухот, чија температура е минус 53 степени Целзиусови. Во позадина – статуа на Ленин. 2013 година
52-годишниот пензиониран учител Александар Платонов притрчува до надворешниот тоалет
Географска локација: Северна ширина: 63 ° 16 ‘; Источна должина: 143 ° 9 ‘. Приближно на иста северна географска ширина се наоѓаат Енкориџ во Аљаска, Лилехамер и Берген во Норвешка, Лахти во Финска, Јостерсунд во Шведска, Рејкјавик во Исланд, Јелоунајф во Канада и др.
Ојмакон се наоѓа на 5330 километри во права линија од Москва, што е за 2.000 километри повеќе отколку растојанието помеѓу населбата и Аљаска.

















