292
Од НСДП информираат дека денес е завршена постапката за упис во Судскиот регистар на политички партии на новоизбраниот претседател.
-Од денес Горан Мисовски официјално, со Решение на Основниот граѓански суд Скопје, е упишан како претседател на НСДП и лице кое ќе ја претставува и застапува НСДП.Исто така во Судскиот регистар на политички партии се изврши упис на Измените и дополнувањата на Статутот на НСДП.