Мисовски: Денот на изборите ќе биде најточната анкета

од Nikola Popovski

Анкетите во последните години и на последниот изборен циклус, се покажаа дека не се баш точни, порача за Слободен печат пратеникот и претседател на НСДП, Горан Мисовски.

“Ако гледате секој изборен циклус наназад се појавува една огромна бројка кој одбива да се изјасни како ќе гласа и таа бројка изнесува помеѓу 40 и 50 % Ќе направам една мала илустрација, на локалните избори за Маврово и Ростуше сите анкети покажуваа дека ВМРО-ДПМНЕ води два спрема една во однос на коалицијата на СДСМ, ама изборниот ден и изборниот резултат е најдобрата анкета. Тогаш, на тие практично го прегазивме ВМРО-ДПМНЕ. Имам информации и знам дека СДСМ интензивно прави анкети и виз а ви анкетите што ги лиферува штабот на ВМРО-ДПМНЕ не е баш така како што тоа тие велат“, истакнал тој.

Мисовски изрази уверување дека граѓаните ги препознаваат политиките на Владата и парламентарното мнозинство и дека тоа ќе се покаже на изборниот ден.

„Мислам дека политиките што ги промовираме во континуитет преку законските решенија преку она што владата го предлага во делот на економската криза, енергетската криза, социјалната политика во делот на пензиите, минималната плата тоа граѓаните го препознаваат. Препознаваат дека дека ова парламентарно мнозинство и оваа влада, како и претходната влада која беше предводена од Заев и тоа како знае добро да се справи со увезената економска криза, увезената инфлација, увезвената енергетска криза. Па да не беше храбрата одлука на премиерот во текот на ланската грејна сезона ние скопјаните ќе останевме без парно греење. Досегашниот премиер Димитар Ковачевски покажа искучителна одлучност во справувањето со економската и енергетска криза и тоа граѓаните го препознаваат. На анкетите псотојано се појавува една мала тенденција на зголемување на бројот на граѓани што го поддржуваат патот на нашата земја кон ЕУ, и тврдам дека најдобра анкета ќе биде денот на гласањето“ порача Мисовски.

Слични содржини