Мистериозен балон лета над САД: Војската испрати авиони да го истражат

од Stefanija Kuzmanovska
588 прегледи

САД следат балон на голема височина кој лета над западниот дел на земјата, изјавиле американски официјални лица за CBS News.

Воените авиони го забележале балонот и утврдиле дека не претставува закана, но неговото потекло и цел сè уште не се познати, додале официјални лица.

Извори запознаени со предметот, кои сакале да останат анонимни, откриле дека балонот летал на исток, а претходно истиот ден официјален претставник изјавил дека балонот бил над Колорадо.

Неговото присуство предизвика доволно загриженост што војската испратила авиони да го истражат.

Ситуацијата доаѓа една година откако тензиите меѓу САД и Кина се зголемија откако кинески балон со софистицирана шпионска опрема леташе над континенталниот дел на САД неколку дена.

Кинеското министерство за надворешни работи тврдеше дека балонот требало да собира податоци за времето и „отстапил од планираниот курс поради силните ветрови“. Американската војска на крајот го собори крај брегот на Јужна Каролина на 4 февруари 2023 година и ги извлече остатоците.

Слични содржини