Мистериозно киднапирање во Австрија на 88-годишна жена

од desk2
161 прегледи

Жена на возраст од 88 години беше киднапирана на улица додека шетала со нејзината негувателка во австрискиот град Ајзенштад, соопшти полицијата.

Црна лимузина сопрела покрај жените, при што двајца излегле и ја ставиле постара жена внатре, по што избегале со возилото со странски регистарски таблички.

„Пор=трагата по исчезнатата трае“, вели полицискиот портпарот за новинската агенција APA.

Сепак, министерот за внатрешни работи Херберт Кикл вели дека многу е чудна природата на ова кривично дело, а не е јасно дали ова е киднапирање во класична смисла на зборот.

Полицијата не го открива идентитетот на жртвата.

Сепак, автриските медиуми шпекулираат дека се работи за мајката на Стефан Отрубај, шеф на фондација која располага со богатството на поранешна ценета унгарска фамилија од Естерхази.

Полицијата вели дека истрагата се одвива меѓународно додека локалните медиуми сведочат за зголемено присуство на полиција низ улиците на Ајзенштад во часовите по киднапирањето.

Сопирани се автомобили, особено оние со унгарски таблички, вели еден сведок.