Mитев: Најважно е да се бориме и во ниту еден момент да не се предаваме против Франција

од Nikola Popovski
55 прегледи

Македонските ракометари веќе имаат постигнато добар резултат во досегашниот тек на првенството, а тоа го потврдува и самиот факт што до последното коло сонуваа за четвртфинале. Во последното коло од втората фаза на Светското првенство, нашите ќе го имаат најтешкиот можен противник на шампионатот досега, вицешампионот од претходниот планетарен шампионат, репрезентацијата на Франција.

Триколорите во овој натпревар влегуваат како непоразен тим во пет натпревари, каде на секој забележаа убедливи победи. По ред паднаа Катар, Кувајт, Австрија, Унгарија и Холандија, со што се обезбедени четвртфиналето, па овој меч со Македонија кој се игра од 20:30 часот во Вараждин нема да има никакво резултатско значење за нив, додека победа за избраниците на Кире Лазаров би била одлична, во комбинација од некои други резултати во групата за остварување на соништата, поточно четвртфиналето.

Еден од најдобрите македонски играчи на ова првенство, Никола Митев, пред почетокот на натпревар против големиот противник, изјавил:

„За нас следниот натпревар е против ракометниот гигант Франција. Секако, ова е тим кој е фаворит, но ние ќе се обидеме да го изненадиме ривалот. Имаме уште малку време да се подготвиме и да се претставиме во добро светло. Како што кажав, дојдовме на Светското првенство за да победиме, а не да загубиме. Очекувам сите да бидеме фокусирани од почеток до крај, па да изненадиме, зошто да не го направиме тоа? Најважно е да се бориме, да играме според планот на тренерот и во ниту еден момент да не се предаваме“, заврши Митев.

Слични содржини