Митева го прашува Филипче дали сокрил имот за да не се поврзе со Медикал 420, од СДСМ тврдат дека се користат стари истрошени лаги

од Nikola Popovski
19 прегледи

Ул. Гоце Делчев 12, Петрич е адресата околу која се вртат милионите на Заеви и Филипче. Ова е адресата која Венко Филипче сакал да ја сокрие од јавноста кога не ја пријавил својата фирма основана во Бугарија, обвини на денешната прес-конференција Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Митева, претседателот на СДСМ сокрил имот во анкетниот лист, за да не се доведе во врска со Медикал 420 од која исчезнуваше марихуана, подоцна фатена во меѓународна акција.

-Медикал 420 БГ е фирмата во чија поддружница во Битола во 2022 биле пронајдени наркотици во вредност од 800 илјади евра, иако на истата фирма една година претходно и била одземена лиценцата, истакна портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ реагираа и побараа, ако имаат докази во ВМРО-ДПМНЕ, да ги процесираат до надлежните органи.

-Тоа што од белиот дворец ја праќаат Митева да зборува за некоја фирма која никогаш не била активна и нема никакви трансакции, кажува колку е очајна оваа пропаганда на лаги од ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот Венко Филипче има се пријавено во својот анкетен лист и нема што да се крие од јавноста.

Наместо ВМРО-ДПМНЕ да сее невистини и да креира приказни со кои очајно се обидува да го оцрни претседателот на СДСМ, Венко Филипче, нека седне и нека работи нешто, велат од партијата од „Бихаќка“.

Слични содржини