296
Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески информира дека 17 пратеници не биле присутни во Собранието и не гласале за Декларацијата за осуда на руската агресија на Украина, поради тоа што биле оправдано отсутни.
-Имаа други активности во Собранието. Декларацијата за Украина беше пуштена денес во Собранието и со претседателот Џафери се договоривме денес да има седница. Моментално доаѓам од седницата и сум задоволен што со огромно мнозинство ја изгласавме. Секоја партија има свој став, но денес гласавме како Собрание и покажавме единство, рече Митрески во емисијата „24 анализа“.