Митрески и Шахпаска: За 2,5 години СДСМ во Собранието донесе историски одлуки кои ги отворија перспективите

од Берта Китинска

Како координатор на пратеничката група на СДСМ и Коалицијата во Собранието на Република Северна Македонија со задоволство можам да констатирам дека за изминативе две и пол години завршивме одлична работа.За овие три години донесовме низа историски одлуки кои ја обезбедија иднината на државата и го трасираа патот на успехот, просперитетот и напредокот, изјавија денеска  на заедничка прес конференција на пратеникот Јован Митрески и пратеничката Јагода Шахпаска.

Спроведовме реформи кои гарантираат безбедност, кои гарантираат правда и владеење на правото, кои ги штитат човековите права на нашите граѓани.

Со усвојувањето на Законот за јавно обвинителство и на Законот за Советот на јавни обвинители, ги заокруживме реформите во правосудството. На овие два закони им претходеа Законот за судови и Законот за судски совет со што го поставивме темелот на судските реформи. Реформи кои се поддржани и од нашите меѓународни пријатели, ЕУ и САД.

Создадовме услови за силна правна држава, ослободена од притисоци, ослободена од политички влијанија.На меѓународен план, преку ратификувањето на Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија, ги затворивме децениските отворени прашања и ги отворивме европските перспективи.Со ратификацијата на Северноатлантскиот договор, го усвоиме најважниот меѓународен документ во историјата и ја обезбедивме иднината во НАТО.

Уставните измени и имплементацијата на Договорот од Преспа беа предизвик со кој ние како пратеничка група се успешно соочивме.Вербата дека на овој начин ја гарантираме иднината на нашата држава, дека ги реализираме нашите стратешки определби, дека за нашите генерации обезбедуваме просперитет, беше мотивот што ни помогна да успеееме.Изминативе неполни три години во Собранието беа реазлизирани низа законски решенија од повеќе области кои за нашата држава и за граѓаните значеа унапредување на демократија и заштита на нивните права.

Беше усвоен Закон за заштита од дискриминацијата, кој е пример како се подготвува закон во соработка со невладиниот сектор.Ја унапредивме законската регулатива за борбата против корупцијата, преку сосема нов Закон за спречување на корупцијата и судир на интереси.Како Собрание обезбедивме услови преку јавна постапка и јавни интервјуа, со учество на граѓанските организации, да биде избран нов и целосно независен состав на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Усвоивме законска регулатива која обезбеди реформа во безбедносниот сектор, унапредување на ефикасноста и квалитетот на безбедносните структури, но и заштита на граѓаните од злоупотреба и прекршување на човековите права како што беше масовното прислушување во времето на режимот, изјавија на  заедничка прес конференција Митрески и Шахпаска.

 

Слични содржини