Митрески избран за нов претседател на Собранието

од Nikola Popovski
464 прегледи

Собранието денеска го избра координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески за нов претседател на Парламентот. Митрески беше избран со 64 гласови „за“ и 40 „против“. Немаше воздржани пратеници.

Во салата беа присутни 107 пратеници.

Пратениците од владеачкото мнозинство со аплаузи го дочекаа изборот на Митрески.

По изборот, Митрески ја потпиша свечената изјава пред сите пратеници, по што седна на претседателското место во Собранието.

Тој изрази благодарност до поддршката, но и благодарност до неговиот претходник Талат Џафери за менаџирањето со Парламентот.

-Интересот на граѓаните и државата е врвен интерес на сите нас, рече новиот спикер.

Слични содржини