Митрески побара брз пристап за надминување на проблемот со возачките дозволи

од Nikola Popovski
197 прегледи

Претседателот на Собранието на Република Северна Македнија, Јован Митрески, на денешната редовна координација, на која присуствуваат координаторите на пратеничките групи, го отвори прашањето за проблемот со возачките дозволи и ја нагласи потребата Собранието да преземе итни чекори со цел да се надмине состојбата која произлезе од примената на Преспанскиот договор.

Тој истакна дека има најави дека пратеничките групи ќе достават различни предлози за законски измени, поради што нагласи дека пратеничките групи треба да дејствуваат координирано за да се дојде до најбрзото и најдоброто решение, кое ќе биде во интерес на граѓаните, а кое во исто време нема да наштети на почитувањето на меѓународните правни акти кон кои како држава сме се обврзале.

Тој најави дека уште денеска ќе иницира состаноци со министрите за внатрешни работи, за финансии, за надворешни работи,  како и со првиот човек на Агенцијата за супервизија на осигурувањето.

Истовремено, претседателот Митрески информираше дека ќе одржува ад хок состаноци со координаторите на пратеничките група  со цел заеднички да најдат решение за настанатата ситуација.

Претседателот на Собранието побара од координаторите да ги информираат пратениците дека доколку е потребно ќе закаже итна собраниска седница во текот на денешниот ден.

Слични содржини