Митрески: Пплатите и пензиите ќе продолжат да растат

од Берта Китинска

Ја сметам како реална и остварлива проекцијата дека до крајот на мандатот просечната плата ќе достигне 34.000 денари, посочи истакна пратеникот и координатор на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески во своето обраќање на седницата во Собранието.

Пораката на граѓаните на сите ни е јасна, тие јасно кажуваат дека мора побрзо, мора подобро, дека може и мора поефикасно да се испорачуваат резултатите, мерките и решенијата во сите области без исклучок, истакна пратеникот и координатор на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески во своето обраќање на седницата во Собранието.

„Во вакви околности кога цел свет и ние се соочуваме со економските последици од корона кризата, но и во ек на европска енергетска криза со електричната енергија и со природниот гас која не не прескокнува и нас целосно се согласувам со напишаното во програмата, цврсто верувам во остварувањето на истото, а тоа е фокусот да биде ставен на заштита на животниот стандард на граѓаните. Прво, преку планираниот интервентен фонд за поддршка на населението и стопанството затоа што на тој начин единствено можат да се ублажат негативните ефекти врз цените и да се спречи т.н. и непосакуван ценовен шок. И второ, преку поставувањето на клучните постулати а тоа е економскиот раст, зголемувањето на платите и пензиите и намалување на невработеноста.

За таа цел, очекувам една од првите одлуки на новата Влада да биде поддршка на пензионерите, преку посебно зголемување на пензиите, а секако да се продолжи со подобрување на моделот за редовно усогласување на пензиите. Во овие четири и пол години, иако многу не веруваа, успеавме минималната плата да ја зголемиме за повеќе од 6.000 денари, од 9.000 на 15.200 денари. Очекувам, со договор меѓу владата, синдикатите и коморите и промена на моделот понатамошно зголемување на минималната плата што е најважно за работниците.

Успеавме платите во сите сектори да ги зголемиме, се приближуваме до 500 евра просечна плата и затоа ја сметам како реална и остварлива проекцијата дека до крајот на мандатот просечната плата ќе достигне 34.000 денари, посочи Митрески.

Слични содржини