Митрески: Претседателските избори ќе ги распишам на 14 февруари

од Stefanija Kuzmanovska
237 прегледи

Претседателот на Собранието, Јован Митрески вечерва изјави дека претседателските избори ќе ги распише на 14 февруари. Посочи дека планира на истиот ден да ги распише и парламентарните избори.

„Во однос на вашето прашање за распишувањето, во Уставот вели од 70 до 90 дена пред одржувањето на изборите, што значи 24 април е првиот круг за претседателските избори, враќајќи наназад од 70 до 90 дена, фактички тоа му доаѓа некаде средина на февруари. Направив консултација и со ДИК во смисла на броење на деновите што би значело тоа. Денес имам конечен заклучок дека претседателските избори ќе ги распишам на 14 февруари и планот ми е на истиот ден да ги распишам и парламентарните избори“, рече Митрески вечерва во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

Спикерот Митрески нагласи дека Собранието би функционирало до крајот на март или почетокот на април.

„Значи, тука станува збор за почитување на Уставот и уставните рокови предвидени за одржување на избори, зашто станува збор за редовни парламентарни избори кои се случуваат првпат по 16 години. Постои мала забуна во јавноста во смисла на функционирањето на Собранието затоа што кога се одржуваат предвремени парламентаерни избори, парламентот се распушта со одлука за распуштање којашто ја гласаат пратениците, а во овој случај Собранието работи до крајот на својот мандант. Впрочем, ако ја земаме таа пракса за работа на Собранието до пред почеток на кампања, значи Собранието би функционирало некаде до крајот на месец март или првите денови на месец април“, објасни Митрески.

Слични содржини