Митрески: ВМРО-ДПМНЕ секогаш креира хистерија со лаги кои се демантираат

од Берта Китинска

„Опозициската ВМРО-ДПМНЕ цело време зборува за предавства, креираат хистерија и ги палат граѓаните, а потоа доаѓаат потврди дека тоа не е така. Очекував барем извинување до граѓаните за лагите кои ги кажуваат“ изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека да ги слушаа граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ како партија немаше да прави хистерија и да тргне по правец од кој нема назад.

„Креиравте хистерија за мигрантската криза – се граделе станови за смесување, училишта, собиравте потписи. На крај ништо не се случи. Потоа со Законот за упореба на јазиците, учениците ќе морало да учат албански јазик, ќе имало казни по пет илјади евра за родителите. Еве не е така. Истото беше и за македонскиот јазик, дека бил предаден, денес испаѓа дека не е така“ рече Митрески.

Тој додаде дека Договорот Фронтекс е преговаран од 2016 година, а неговото потпишување беше блокирано од страна на Бугарија од 2018 година поради користењето на терминот македонски јазик.

Слични содржини