Митрески: Завршува мандатот на состав кој за три години донесе историски одлуки

од Aleksandar Todeski
389 прегледи

Пред нас е одлуката за распуштање на Собранието, со што целосно се заокружува мандатот на овој пратенички состав. Завршува мандатот на состав кој за три години помина низ многу премрежја и преброди многу кризи. Тоа не не спречи во намерата да донесеме значајни, историски одлуки кој ја дефинираат и обезбедуваат иднината на нашата држава, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.

„Ќе ве потсетам на свеченоста од пред неколку дена кога го ратификувавме Протоколот за НАТО. Верувам дека немаше пратеник кој не беше горд на успехот кој знаедно го остваривме, што ја потврдивме иднината на младите генерации и го остваривме сонот на граѓаните. Имаше тешки одлуки, сериозни процеси кои бараа сериозна посветеност и со гордост можам да кажам дека успејавме и земјата ја направивме пример во регионот и светот, која ја поддржува целата меѓународна заедница“, рече Митрески.

Тој посочи дека на 12 април граѓаните ќе се соочат со две дијамтерално различни политки, онаа на СДСМ, која рече дека е политика на просперитет и другиот избор, за кој рече дека нема да коментира.

„Откако ја предводи владата, СДСМ, покажа дека работи за граѓаните. Политиките кои ги реализира СДСМ и коалицијата позитивно влијаеја за секој граѓанин на државата“, истакна Митрески набројувајќи ги сите донесени решенија од власта.

Вели, многу е постигнато, но има уште многу да се работи. Тој кажа дека прашање на денови е кога земјата ќе стане членка на НАТО и ќе почне преговори со Европската Унија.

„Ние покажавме и дека знаеме и дека можеме и дека имаме желба за тоа. Затоа граѓаните ќе се определат за СДСМ и Коалицијата, за континуитет на политиките кои гарантираат стабилна држава“, посочи координаторот на пратеничката група на владејачката СДСМ.

Митрески испрати порака до сите граѓани да се направи се што е можно на 12 април да има перфектно чисти избори, за да се покаже дека сме европска држава која ги цени и практикува европските вредности.

А.Т.

Слични содржини