Митрев: Ослабнат имунитет во комбинација со стресот носат голем број на вируси

од Viktor Jovanov

Ова е кризна состојба од светски размери. Цел свет е во некоја параноја, секој поединец влегува во секакви размислувања поготово кога се носат и вакви драстични мерки на изолација. Секоја изолација создава услови за надградба или додатен психички стрес. Од друга страна сме соочени со реални проблеми. Од сите страни имаме такви ситуации кои се и тоа како загрижувачки. Секој човек е ставен во една изолација, а од друга страна преку сите медиуми се добиваат сите можни информации во однос на смртноста и чудото кое се шири низ европа и носи толку многу животи, вели кардиохирургот Жан Митрев.

-Во кардиохирургијата еден од главните непријатели е инфекцијата. Кардиоваскуларните пациенти, се пациенти кои имаат пореметен имунолошки одговор. Тој одговор создава услови за многу различни инфекции. Дополнително со стресот, на и онака слабиот имунитет се накалеменуваат вируси, вели Митрев.

Во однос на излегувањето Митрев на социјалните мрежи, и коментарите околу предлогот на за инхалирање со виски, тој објасни дека инсхалацијата не е нешто ново, но она што е важно е топлината од над 60 степени која по 15-20 минути убива голем број на бактерии.

Слични содржини