335
Аплаудиравме на аплаузот на опозицијата, бидејќи тие долго време немаат аплаудирано, вели координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски во емисијата „24 анализа“.
Според него, денешнот аплауз на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ по повод прифатената оставка на Зоран Заев е обичен циркуз и театар.
-Иако опозицијата очекуваше дека ќе аплаудира со формирањето на новото мнозинство и потписите што ги собираа. Добро е што после 5-6 години имаа можност да аплаудираат. Тоа што го направи Заев е висок чин, со кој се согласувам и потврдувам дека е нова вредност и се надевам ќе биде следена во иднина, истакна Митревски.