Митрополитите Тимотеј и Наум во посета на Вселенската Патријаршија

од Vladimir Zorba
193 прегледи

Владиците Наум и Тимотеј заминале во посета на Вселенската патријаршија каде оствариле средба со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј.

Владиците биле дел од делагациите за приемот на новиот Кипарски Архиепископ, а во текот на настанот се чита дека Патријархот Вартоломеј за време на говорот посебно ги поздаравил двајцата македонски архиереи, како гости од Охридската Архиепископија.

Од МПЦ-ОА официјално се уште нема детали за посетата, а од страна на Вселенската Патријаршија пак, не се соопштува дали деновиве било разговарано за Томосот што Вселенскиот патријарх треба да го издаде за автокефалноста на МПЦ-ОА.

Во изјава за ТВ 24, митрополитот Тимотеј вели дека нема ништо спекатакуларно во посетата.

Слични содржини