Мицевски: Ако ние се занимаваме со гранични премини и авионска линија тогаш сме на погрешна насока

од Берта Китинска
270 прегледи

Различни се аспектите на пристапување на двете страни, бугарската и македонската. Јас ја гледам формата, но не и суштината. Ако ние се занимаваме само со проблеми како гранични премини и авионска линија тогаш сме на погрешна насока, вели за Утрински брифинг, Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ако имаме добра волја како две држави кои сакаат да соработуваат на економски план, граничниот премин Клепало не е суштинскиот проблем што треба да се решава. Скептичен сум и за пругата кон Бугарија која наводно до 2027 година ќе биде готова. Слушам дека и во земјоделството и во малите и средни ретпријатија ќе има соработка. Но, од почетокот на бегалската криза во 2015 година имаме проблем што Бугарија не сака да го потпише договорот со Фронтекс за да ни помогне, вели Мицевски.

Слични содржини