Мицевски до Џафери: Немојте да бидете нотар на владата

од Aleksandar Todeski
283 прегледи

Пратениците на предлог на владата го укинаа Законот за зелени пазари по предлог закон доставен од Министерството за економија. По образложението на министерот Крешник Бектеши зошто овој Закон треба да биде укинат, координаторот на пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски реагираше дека тие како пратеничка група поднеле ист таков закон пред еден месец, но претседателот на Собранието, Талат Џафери не го ставал на гласање.

„Пратнеиците на ВМРО-ДПМНЕ на 8 ноември имаат поднесено Закон за престанување на важење на Законот за трговија на зелени пазари. Закон поднесен од пратеници, поднесуван и минатата година, одбиен од ваша страна. Лани го одбивте, оваа година го ставате на седница. Денес ви стига закон за истата постапка и го ставате на гласање. Би ве замолил, бидејќи се работи за истото законско решение, да го прифатат предлогот на пратениците. Би ве замолил да не бидете нотар на владата, вие сте пратеник и би ве замолил да ги застапувате малку правата на пратениците“, рече Мицевски.

Собранискиот спикер Џафери пак, му возврати дека за се имал одговор и дека нивнот Предлог-закон бил одложен, а не било одбиено да се стави на дневен ред.

„Факт е дека се поднесени тогаш, но тогаш имаше друго веќе поднесено. Одговорите се во согласност со Деловникот. Една од точките беше предвидена и точката како вша предлог. Предлог законот ги содржи сите елементи како и предлогот на пратениците“, истакна Џафери.

А.Т.

 

Слични содржини