Мицевски ги повика сите општествени чинители да го поддржат референдумот

од Берта Китинска
163 прегледи

„ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница на ИК на партијата донесе одлука за отпочнување на постапка за организирање на задолжителен Референдум со цел поништување на договорот со Бугарија, кој е корен на сите негации на македонскиот јазик, идентитет и историја изминатиов период“, изјави денеска Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ја повикуваме целата јавност, експертите, политичките партии, граѓанските организации, граѓаните во целост да се приклучат кон иницијативата и да го поддржат Референдумот.Ги повикуваме СДС да не тактизираат со народната волја, и да покажат минимум демократски капацитет и да повикаат на излезност на Референдумот, истакна Мицевски во своето денешно обраќање до јавноста.

Слични содржини