Мицевски излезе од Собранието, но порача дека ќе се врати

од Nikola Popovski
287 прегледи

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Никола Мицевски пред малку го напушти Парламентот во скафандер и појасни дека ќе се врати, но морал да излезе поради тоа што „така налагале протоколите”.

Мицевски не прецизираше во колку часот ќе се врати, а на прашање дали ќе обезбедат 61 пратеник за гласање недоверба на Владата, рече дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски веќе дал изјава за тоа.

Мицевски и пратеничката Ангелика Петкова од ВМРО –ДПМНЕ кои се позитивни на Ковид-19, пред почетокотна седницата, облечени во скафандери пристигнаа во Собранието, за да присуствуваат на денешната собраниска седница.

Протоколите единствено регулираат пристигнувањето на пратеникот, кој мора да чека во возило, додека не му јават дека сите пратеници влегле во салата, а ако има повеќе пратеници во изолација, нивното влегување се одвива со временска дистанца од пет минути.

Слични содржини