Мицевски: Петтиот пакет мерки трпи поради тврдоглавоста на власта

од Vladimir Zorba

Владеачкото мнозинство работи на штета на граѓаните и економијата во време на пандемија. Петтиот пакет мерки трпи поради тврдоглавоста на власта. Пакетот ќе беше изгласан уште во четвртокот доколку не беше инаетот на власта, а сега компаниите и граѓаните ќе ги имаа обезбедено средствата, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешната прес-конференција, што се одржа во пресрет на 36-тата седница, што претседателот на Собранието, Талат
Џафери ја закажа за денеска, на која треба да се изгласаат трите закони поврзани со петтиот пакет мерки.

На прашањето, како ќе реагираат на најавата дека власта ќе обезбеди мнозинство со пратениците кои се во изолација со ковид и кои ќе дојдат во Собрнието со скафандери, Мицевски рече дека таков протокол не постои и дека тоа значи дека ќе го пратениците ќе го прекршат законот и ќе го загрозат јавното здравје.

„Таков протокол не постои, барем ние досега немаме видено, меѓутоа, во државата постои законска регулатива којашто важи за сите граѓани во којшто спаѓаат и пратениците. Ако се дрзнат да го загрозат здравјето, ќе ги прекршат законите. Како после ќе бараме од граѓаните да ги почитуваат законите? Ги замолувам да не прават театар“, рече Мицевски.

Почитувани,

Владеачкото мнозинство работи на штета на граѓаните и економијата во време на пандемија. 5 тиот пакет на…

Posted by Никола Мицевски on Sunday, April 18, 2021

Слични содржини