Мицевски вели буџетот наликува на политички памфлет, Џефери му врати дека се е законски

од Aleksandar Todeski
329 прегледи

Координаторот на пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски пред претставувањето на буџетот за 2020 година од страна на министерката за финансии, Нина Ангеловска побара буџетот да биде тргнат од дневен ред, бидејќи наликувал на политички памфлет.

„Уште на самиот буџет има насловна страна со популистички пораки од СДСМ. Ова е незапаметено до сега, класично непочитување на Законодавниот дом, институција која треба да биде над Владата, а не Владата да си игра така со нас. Законот содржи што може да има во предлог буџетот, но никаде не предвидува да се ставаат политички пораки. Повикувам од предлагачот да се повика да се усогласи предлог буџетот. Повикувам Владата да го почитува Собранието. Со ова, собранието почна да наликува на нешто на што не треба да наликува“, рече Мицевски.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери му врати дека буџетот го добил онака како што е пропишано со собранискиот деловник и дека нема ништо спорно.

„Буџетот го добив онака како што е пропишано по член 236 од деловникот и истиот момент ви е доставен до вас, со што почнува процедурата. Свикав и седница и последователно што следи. Што е другото е работа што ќе се увиди“, рече Џафери.

А.Т.

Слични содржини