Мицевски: Законот за ЈО е избрзан, неуставен и селективен

од Viktor Jovanov

Се прашувам на што се должи сево ова. Во процедура имаме закон за ЈО каде имаше расправа и каде не беа прифатени забелешките на експертите од оваа област. Законот се пушти во скратена постапка со одложено дејство од 4 години. Не ми е јасно зошто тоа да се направи освен обид на власта за бегство и неможност за одговарање на одредени кривични дела кои власта ги направи изминатите 2 години, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски за 24ТВ.

-Од самиот старт кажавме дека не го поддржуваме законот. Избрзан е, неуставен и селективен. Од таа причина и не поднесовме амандамни. Законот е лош. Не очекувам декенска да се гласа бидејќи гледаме дека се уште се лицитира. Немаат доволен број пратеници собрано. Затоа ова ни се случува, одредени лица лицитираат со други закони за да се добие поддршка за законот за ЈО, вели Мицевски.

Во однос на седницата за разрешување на министерката за труд и социјална политика од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, Мицевски вели дека не се знае за кога ќе биде закажана. Тој смета дека барањето на техничкиот премиер Оливер Спасовски за нејзино разрешување е неиздржано.

-Не сме информирани кога ќе се одржи седницата за разрешување на Мизрахи. Се наоѓаме во уште по апсурадна ситуација. Техничката влада е за спроведување на избори. Влада со ограничен рок бара разрешување за одредена банална работа. Таблата на Мизрахи ја имала и Царовска, немала можност да се замени во одрена процедура. Ова што го прави Спасовски под раководство на Заев е обид за политичка криза и обид да се избегнат изборите, вели Мицевски.

Слични содржини