Порталот Лидер пренесува дека Мицкоски бил во Унгарија.ВМРО ДПМНЕ за порталот потврдува и додава дека „неговото возило извесен период е следено од луксузно патничко возило од марката „бентли“ со струмички регистарски таблички, управувано од роднина на премиерот Заев.

– Претседателот Мицкоски е во еднодневна куса посета на градот Виена во Австрија, а самиот претстој е од приватен карактер, поточно со оглед на тоа што Мицкоски воедно е и професор на високонаучна установа причината за престојот е за научни цели.
Инаку патувањето е со неговиот приватен автомобил, а низ Република Унгарија поминува исклучиво како транзитна дестинација.

Вистината е дека во близина на Будимпешта (околу 40 километри после Будимпешта на враќање кон Скопје) неговото возило извесен период е следено од луксузно патничко возило од марката „бентли“ со струмички регистарски таблички, управувано од роднина на премиерот Заев. Веруваме дека е и изворот на тенденциозната на ваквите дезинформации кои се појавија во одредени медиуми, што само ја потврдува безидејноста на власта. Обидите за дефокусирање од вистинските теми и нервозата присутна поради поддршка од граѓаните. – велат од ВМРО-ДПМНЕ.