Мицкоски е одлепен од реалноста со изјавите за 40% поскапа струја, велат од СДСМ

од Nikola Popovski
193 прегледи

Единствен кој е одлепен од реалноста е Христијан Мицкоски и тоа денеска индиректно му го порача и неговата ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски беше тој што ја лежеше и плашеше јавноста дека струјата ќе поскапи помеѓу 30 и 40 отсто, Мицкоски беше тој кој ширеше паника дека парното ќе поскапи за две и пол до три пати, реагираа од владеачката СДСМ на денешното партиско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Во реалноста, како што вели СДСМ, зголемувањата на цените се три до четири пати пониски од лагите на Мицкоски што само покажува дека тој не разбира енергетика, дека негова единствена цел е да шири паника и да профитира од секоја можна прилика.

-Во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и нивните погубни политики, цената на струјата се покачи за 100 отсто, стои во соопштението од „Бихаќка“.

Претходно најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ обвини дека граѓаните поради СДСМ плаќаат повисока струја и парно.

-Ако за СДСМ ова е малку, тогаш навистина се имаат одлепено од реалноста. Се што ветуваа излажаа, се што фатија или украдоа или исушија. Ова е резултат на неодговорноста и неспособноста на власта на СДСМ. Кузеска и СДСМ да одржат уште десет прес конференции во кои ќе прикажуваат розови слики нема да го покријат фактот дека граѓаните тонат во сиромаштија, истакнаа од партијата.