Мицкоски: Формирано е ново парламентарно мнозинство

од Nikola Popovski
785 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва објави дека во моментов имаат формирано ново парламентарно мнозинство.

-Новата иднина доаѓа, ново време и нова надеж. Не чекаат силни предизвици, свесни и благодарни за поддршката заедно ќе успееме. Македонија ќе успее! Имаме ново парламентарно мнозинство, стои во објавата на Мицкоски.

Ова доаѓа откако вчера БЕСА објави дека „Желино може да ја урне Владата“, откако Државната изборна комисија одлучи да има прегласување во Желино по приговори поднесени од ДУИ.

Според објавеното, дел од новото мнозинство покрај ВМРО-ДПМНЕ би биле и Левица, АА, Алтернатива и БЕСА.

Слични содржини