Мицкоски ги прекрши мерките: По ракувањето со истите ракавици си касна од лепчето

од Берта Китинска
173 прегледи

Здравјето на граѓаните пред се и безбедна кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули, беа дел од апели од претставници на сите политички партии во изминатите месеци од почетокот на епидемијата на коронавирус во земјава.

Сега сме сведоци дека дел од ковид мерките се прекршуваат и од поединци кои повикуваа да се почитуваат.

Кандидатот за премиер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги  прекрши мерките за превенција и даде пример како не треба да се однесува политичар за време на пандемија. Од видеото се гледа како по  ракувањето со речиси сите присутни , со истите ракавици, скина и си касна од лепчето што локалните жители му го понудија за добре дојде.

Мицкоски се испоздрави, па си касна лепче!

„Даскалот“ Мицкоски продолжува да дава пример како не треба да се однесува политичар за време на пандемија: Се испоздрави со сите, и со истите ракавици скрши лепче и си го касна! ВМРО-ДПМНЕ, ти си наша небиднина!

Публикувахте от Seir в Вторник, 30 юни 2020 г.

 

Слични содржини