Откако претседателот Стево Пендаровски упати покана до сите лидери на политички партии за заедничко чествување на Илинден на Мечкин Камен, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека лидерот Христијан Мицкоски нема да се појави во Крушево на 2-ри август.
Од партијата соопштуваат дека како и минатата година, доследно на традицијата, Мицкоски ќе биде во струшкото село Ташмаруништа, каде ќе се обрати пред присутните.
За првпат годинава нема да има говор од Мечкин Камен по повод празникот Илинден, а новина е исто што таму ќе биде претседателот Стево Пендаровски.
Како што велат од кабинетот на претседателот, чествувањето ќе биде после 18 часот за да можат да дојдат и претседателот на Собранието Талат Џафери, кој според системот на ротација годинава треба да биде на одбележувањето на празникот во Скопје и премиерот Зоран Заев кој ќе биде во Пелинце.
Досега само Ахмети потврдил дека ќе биде во Крушево, што ќе биде негово прво појавување и чествување на големиот празник.