Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на граѓаните и да се променат, побара СДСМ

од Nikola Popovski
138 прегледи

Сите лаги што Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги пласираа во однос на евроинтеграциите потонаа. Тврдењата дека наводно државата ќе се бугаризирала, дека народот ќе бил асимилиран пукнаа како меур од сапуница како и многу други лаги претходно, истакнаа утрово од СДСМ.

Владеачката партија побара Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да смогнат сили и да им се извинат на граѓаните.

-Еве шанса ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да се променат и наместо да одработуваат за туѓи центри на моќ, да се престројат на страна на на граѓаните, на страната на националните интереси. Претседателот на СДСМ и на Владата, Димитар Ковачевски покажа државништво, покажа како се брани национален и државен интерес, како се штити националното достоинство на македонскиот народ.

Од тој пример, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат доста да научат, истакна во соопштението од СДСМ.