Мицкоски и Заев ќе се слушнат телефонски, па ќе го соопштат името за министер во МВР

од Aleksandar Petrovski
204 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека на средбата со премиерот Зоран Заев разговарале за техничкиот министер за внатрешни работи.

Фото: Локално.мк

Се договориле премиерот да направи проверки, па тогаш ќе го соопштат, откако ќе се слушнат телефонски.

Во понеделник повторно ќе разговараат и за другите министри и заменици, по што јавноста ќе ги дознае.

Иако член на неговата партија го соопшти името Драган Ковачки, Мицкоски рече дека ќе почека, па по разговорот со Заев ќе соопшти.

А.Т.